Баерн го кажа својот став околу трансферот на Зинченко

Гласините за трансфер на левиот бек на Арсенал, Александр Зинченко во германскиот гигант Баерн Минхен се интензивираа во последните денови. Специјалистот на „Скај Спортс“, Флоријан Плетенберг пренесува дека во моментов Баерн не покажува никаков интерес за Украинецот, а се верува дека самиот играч воопшто не се подготвува за ваков потег.

Приоритет за Баварците е потпишување на нов договор со Алфонсо Дејвис, кој е многу посакуван од Реал Мадрид. Дефанзивецот допрва треба да одлучи што ќе прави со својата иднина, имајќи договор со Баерн до 2025 година. Во случај на евентуален трансфер на Дејвис, прв избор за Баварците ќе биде Тео Ернандез од Милан.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО