Брест своите натпревари од ЛШ ќе ги игра во Гингамп

Францускиот тим Брест нема да ги игра домашните натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите на својот 102-годишен клубски стадион на своето европско деби следната сезона. УЕФА во средата соопшти дека барањето на Брест е да се користи домот на блискиот сосед Гинганмп (член на втора лига) за четирите домашни натпревари во Лигата на шампионитењ во претстојната сезона.

Брест ќе заработи најмалку 30 милиони евра од учеството во најсилниот клупски турнир во светот, кој ќе има обновен формат. „Пиратите“ завршија на третото место во конечниот поредок во францускиот шампионат, но нивниот клупски стадион има само пет илјади седишта, иако има капацитет од 15 илјади гледачи.

Растојанието помеѓу Гинганмп и Брест е нешто повеќе од 100 километри, а ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите ќе се одржи на 29 август во Монако.

Стадионот „Рудуру“ во Гинганмп е со капацитет од 19.000 места за гледачи се очекува да биде одобрен од УЕФА во наредните недели.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО