Во тенисот многупати сме биле сведоци на нестварни поени од движење, а овој пат сме сведоци на еден неверојатен поен, кога тенисерот беше на земја.
Во швајцарскиот град Гештад, каде што деновиве се одржува турнир, францускиот тенисер Квентин Алис, освои еден поен од лежечка положба, што придонесе за воздишки кај присутните.
На крајот Алис го доби натпреварот против Хустав Хајде со 2:0 (6:1, 7-5).
How on EARTH 🤯
From the floor @QuentinHalys hits one of the shots of the year…@SwissOpenGstaad #ATPGstaad pic.twitter.com/L5mSVuMFPS
— Tennis TV (@TennisTV) July 19, 2024