Аталанта го декласира Торино, Рома извиси за Лига на шампиони

Фудбалерите на Аталанта победија на домашен терен против Торино со 3:0 и со тој резултат ја оставија Рома без пласман во ЛШ.

По дуелот во Бергамо, сега е и официјално дека Италија ќе има само пет тимови во ЛШ, иако Аталанта со освојувањето на Лига Европа, остави можност да влезе уште еден тим, но денеска не требаа да победат, за „волчицата“ да се најде во ЛШ.

Аталанта беше убедлива против Торино со 3:0 со головите на Скамака, Лукман и Пашалиќ, па стави печат со триумф на една возбудлива за нив сезона.

Патниците кои ќе бидат дел од ЛШ идната сезона се Интер, Милан, Јувентус, Аталанта и Болоња, Рома заедно со Лацио ќе патуваат во Лига Европа.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО