Аталанта брзо се опорави по елиминацијата во ЛШ и по “проблемите“ во тимот и тоа на најдобар можен начин. Вечерва во меч од Серија А, тимот од Бергамо со 0:5 славеше кај Емполи. Во текот на целиот меч тимот на Гасперини едноставно покажа дека е пресилен за Емполи.
Се почна во 27.минута кога Гијаси си даде автогол за водство на гостите од 0:1. Следуваше погодокот на Ретегуи во 33.минута за 0:2, а десет минути подоцна Лукман реализираше за 0:3. Со овој резултат се замина на пауза.
Во второто полувреме Лукман во 55.минута зголеми на 0:4 за да Запакоста во 74.минута ги постави конечните 0:5.
Со овие три бода сега Аталанта 54 бода и се наоѓа на третата позиција на табелата со три бода помалку од лидерот Интер и два помалку од вториот Наполи.