Морган Роџерс во Челси за рекордни 117 милиони

Челси ја доби битката на трансфер пазарот и официјално го потврди потписот на англискиот репрезентативец Морган Роџерс од Астон Вила за кој плати рекордни 117 милиони фунти, рушејќи го сопствениот клупски рекорд.

Роџерс стави потпис на шестгодишен договор со опција за продолжување на уште една година точно до 2033 година.

„Многу сум возбуден. За мене, Челси е најголемиот клуб во Лондон и тим на кој секогаш сум му се восхитувал уште од дете. Едвај чекам да започнам со работа под водство на новиот менаџер и да бидам дел од овој проект“, изјави Роџерс на својата промоција.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО