Кошаркарскиот клуб Кожув уште еднаш испрати порака дека во следната сезона ќе има промени кои ветуваат дека нивото на квалитет ќе биде подигнато.
„КК „Кожув“ со особено задоволство го претставува Перо Блажевски како нов младински координатор и тренер на младинската школа.
Со своето искуство, знаење и посветеност, Блажевски ќе има значајна улога во развојот на младинските категории.
Во тек е изработка на долгорочен план, насочен кон унапредување на квалитетот на работата со младите, зголемување на бројот на деца во школата и создавање услови за нивен правилен спортски и личен развој.
Добредојде во семејството на КК „Кожув“, Перо! Заедно ја градиме иднината на клубот“, се вели во соопштението на КК Кожув.