Фабијани: Одиме напред од ден во ден

Македонскиот шампион Вардар по елиминацијата од Лигата на шампионите се насочува кон Конференциската лига на УЕФА.

Во второто коло ќе игра со Рига од Летонија, а пред мечот зборуваше тренерот Кристијан Фабијани.

„Со голема желба и емоција го докчекуваме мечот утре. Со полн ентузијазам по победата во Финска, се надеваме на успех и утре. На домашен терен пред нашите навивачи. Мотивирани сме многу за да докажеме дека можеме многу подобро од она што го одигравме дома. Тоа ќе го направиме и за нашите навивачи, заслужуваат такво нешто. Станува збор за многу добра екипа, тоа го покажува и вредноста. Сакаат да играат вертикално со линии, со пасови. Исто така и ние сме голем клуб. Ќе пробаме да ги импресионираме да предизвикаме да погрешат. Да валоризираме.

Има секако многу работи кои треба да ги подобриме. Два меча официјални се во прашање. Анализираме, напредуваме од ден во ден. Можеме многу повеќе да дадеме. Потенцијалот не е изразен во целост.

Таква е динамиката на фудбалот, секогаш има нешто што може да се научи. Од средина на теренот и во нападот имаат многу квалитетни играчи. Со вертикала со техника, како и секој клуб кој што добро финансиски стои. Ние ќе дадеме максимум за да одиграме како што треба и да извлечеме добар резултат“, изјави Фабијани.

Натпреварот помеѓу екипите на Вардар и Рига се игра во среда од 20:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО