Микел Артета изгледаше расположено на неговата прес-конференција пред неделното дерби во Премиер лигата против Манчестер Сити.
Предводникот на „топчиите“ изјави дека Букајо Сака, Габриел Мартинели и дефанзивецот Габриел имаат големи шанси да бидат подготвени за пресметката на стадионот „Етихад“.
Според информациите, во последните 10 дена тројцата лекувале повреди. Сака опоравувањето во клубот. Мартинели испадна од репрезентативниот тим на Бразил. Крилниот напаѓач ја заработи повредата на почетокот на март во победата на Арсенал против Шефилд Јунајтед од 6:0.
„Има шанса да играат. Тие досега не беа со нас на теренот, но напорно работеа, така што има добри шанси да бидат достапни за натпреварот во недела“, рече Артета.
Арсенал е во потрага по првата победа на гости кај Манчестер Сити по 2015 година. Букајо Сака ја пропушти победата од 1:0 над Граѓаните во октомври поради повреда. Крилниот напаѓач е најдобар стрелец и асистент за Арсенал оваа сезона со 16 гола и 13 асистенции во сите натпреварувања.