Арсенал заинтересиран за центарфорот на Спортинг Лисабон

Фудбалскиот клуб Арсенал, во летниот преоден рок планира да се засили со класична „деветка“.Долго време со Арсенал се поврзуваат напаѓачот на Брентфорд, Ајван Тони, На Арсенал, но попладнево англиските медиуми објавија дека „топџиите“ покажале сериозен интерес за играчот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш.

Репрезентативецот на Шведска игра неверојатно оваа сезона на 37 натпревари има постигнато 33 голови.

Тој го привлече вниманието минатата сезона во Чемпионшип кога постигна 21 гол и асистираше 12 пати во 49 натпревари за Ковентри.

Доколку Арсенал сака да го потпише Ѓокереш ќе мора да му плати на Спoртинг 85 милиони фунти.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО