Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, застана во одбрана на своите фудбалери по инцидентите меѓу Федерико Валверде и Орелиен Чуамени, нагласувајќи дека нема намера јавно да ги линчува.
Иако клубот веќе ги казни двајцата играчи со по 500.000 евра, Арбелоа потенцираше дека тие се извиниле и покажале што значи да се биде дел од Реал Мадрид.
Арбелоа се обиде да го намали притисокот врз тимот преку споредби со минатото. Тој откри дека во неговата кариера бил сведок на полоши ситуации, спомнувајќи инцидент каде еден соиграч удрил друг со палка за голф.
„Ако сакате да обвините некого, обвинете ме мене. Она што се случува во соблекувалната на Реал Мадрид, треба таму и да остане“, изјави Арбелоа, додавајќи дека и легенди како Хуанито правеле грешки, па затоа е апсурдно да се очекува совршенство од сегашните играчи.
Арбелоа исто така ја пофали транспарентноста на клубот во решавањето на случајот, но упати остри критики кон оние што ги изнеле информациите во јавноста, нарекувајќи го тоа „предавство“ кон институцијата Реал Мадрид.
Овој хаотичен период доаѓа во најлош можен момент, пред гостувањето кај Барселона која има 11 бодови предност и со евентуален бод и официјално ќе ја потврди титулата во Ла Лига