ЛШ: Точно напладне ждрепка за четвртфиналето и полуфиналето

За денеска напладне во Нион, закажана е ждрепката за четвртфиналните и за полуфиналните двојки во Лигата на шампиони (ЛШ) во фудбал.

Ждрепката ќе биде отворена, што значи дека тимовите од иста земја и тие што играле меѓусебе во групната фаза ќе може да се сретнат.

Во четвртфиналето се пласираа Арсенал, Манчестер сити, Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ, Баерн Минхен, Атлетико Мадрид и Борусија Дортмунд.

Првите четвртфинални натпревари ќе се играат на 9 и 10-ти, а реваншите на 16 и 17-ти април. Полуфинални натпревари се закажани за 30 април и за 1 мај, а реваншите на 7 и 8 мај. Финалето на ЛШ ќе се игра на 1 јуни на стадионот „Вембли“ во Лондон.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО