(ФОТО) Терористи планирале напад врз автобус на Реал Мадрид и врз навивачите ?

Шпанскиот „Ел Конфиденсијал“ објави дека тамошната безбедносно-разузнурувачка служба ја растурила самопрогласената „Фондација Илам“, еден од најголемите пропагандни центри поврзани со Исламската држава, пренесува „Марка“.

Наводно, хакираната мрежа им наредила на своите следбеници да го нападнат автобусот на играчите на Реал Мадрид, како и навивачите на клубот.

На постер кој стана вирален, може да се види фигура со качулка како пука во автобусот на Реал, со порака која гласи: „Драг мој брат. Чекај во близина на пристигнувањето на играчите. Стрелај во нив и во навивачите“.


Друг постер го илустрираше нападот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. „ Драг мој брату во Ал-Андалус. Ве очекува многу достојна цел. Упаднете во толпата, одвлечете го вниманието на обезбедувањето со импровизирани експлозиви и мамки и одлучно тргнете кон главната цел“.

Во соработка на шпанската полиција, Европол и на ФБИ со властите на Холандија, Германија, Франција, Естонија, Романија и Исланд, уапсени се девет лица.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО