Англичаните во интензивна потрага по наследник на Саутгејт

Управниот одбор (УО) на Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија, формално одобри назначување на странски селектор, на местото на Герет Саутгејт.

„Гардијан“ дознава дека главниот извршен директор, Марк Булингам отишол кај деветтемината колеги, членови на УО, за да ја добие нивната поддршка да се контактираат странски кандидати за таа работа,

Аргентинецот, Маурицио Покетино и Германецот, Томас Тухел се водечки на листата за таа функција бидејќи и двајцата се достапни по напуштањето на Челси, односно Баерн Минхен минатата сезона.

Но нивните барања за плата би можеле да бидат проблематични за ФА, која му плаќаше на Саутгејт околу пет милиони фунти годишно.

Потрагата по селектот на ФА ќе ја предводат Булингем и техничкиот директор, Џон МекДермот, кои ќе состават потесен список и ќе спроведат интервјуа пред да се вратат во УО за ратификација на нивниот избор.

Со оглед на тоа што следниот натпревар на Англија е малку повеќе од еден месец, на 7 септември, во Лигата на нации (ЛН) со Република Ирска, селекторот би требало да биде именуван две недели пред тоа.

Но, можно е селекторот на селекцијата до 21 година, Ли Карсли, привремено да ја превземе функцијата. Тој го освои Европското првенство (ЕП) лани, а тимот што го предводеше победи на шесте натпревари без примен гол, победувајќи ја Шпанија во финалето, на пенали.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО