Анчелоти: Баерн беше во најдобро светло, додека ние не бевме баш најдобри

Реал Мадрид успеа да се избори за нерешен резултат на хостувањето во Минхен кај Баерн, но и покрај тоа, Карло Анчелоти смета дека Баерн го покажал својот квалитет, додека тие не.

Веројатно неговите очекувања биле поголеми од овој прв натпревар, но лесно можеше да се случи Баерн да постигне и трет гол и да победат, но на крајот заврши без победник.

– Гледавме добар натпревар, Баерн Минхен ја покажа својата најдобра слика за себе, додека ние не. Тони Крос беше нашиот клучен играч на теренот, најдобро ја контролираше топката, имаше нестварно додавање до Винициус при првиот гол.

– Што се однесува до Белингам, тој не беше во најдобро светло, но сигурен сум наскоро ќе биде 100% подготвен. Се разбира, имавме и грешки, но не би сакал да ги критикувам своите фудбалер, можевме и подобро да го одработиме овој натпревар, порача Карло Анчелоти.

Во реваншот во Мадрид, Реал може ќе има одредена предност бидејки игра на домашен натпревар пред својата публика.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО