Траорно сведоштво на неврохирургот: Почувствував како душата го напушта телото на Аиртон Сена

Некогашниот шампион во Ф1, Аиртон Сена, загина на денешен ден пред точно 30 години, оној кобен 1-ви мај 1994 година во Имола.

30 годни подоцна, неговото име и понатаму одзвонува во ушите на многу љубители на овој спорт во „најбрзиот авто мото циркус во светот“.

Во 18:30 часот тој ден престана да чука срцето на големиот бразилски шампион. Страшниот удар во бетонскиот ѕид придонел за Сена да доживее повеќекратна фрактура на черепот. Тие повреди беа кобни по неговиот живот.

– Изгледаше најпрво како да спие, му ги подигнав истиот момент очните капаци и ми беше потполно јасно дека станува збор за тешка повреда на мозокот. Истиот момент го изнесовме од седиштето, го ставивме на земја и беше префрлен со хеликоптер во болница. Додека му помагавме на насилката, чувствував како душата му излегува од телото, а јас не сум религиозен човек. Ми умре на рацете, јас и понатаму не можам да верувам што гледав тој момент. Ми умре буквално на рацете, порача Сид Воткинс, неврохирур кој се обиде директно од патеката да интервенира и да му помогне на Сена, но веќе се беше предоцна за бразилскиот ас.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО