Алонсо го прекина молкот и излезе со став за својата иднина

Сите веќе го гледаат Чаби Алонсон по крајот на сезоната да го напушти Баер Леверкузен, но тој се уште го нема кажано својот збор.

Иако многу шпекулации го врзуваат за трансфер во Баерн Минхен, Ливерпул, па дури и во Шпанија, сепак, самиот Алонсо излезе со одреден став во медимите.

– Немам ново што да ви пренесам, ме прашувате постојано дали сум добил повик од Баерн или Ливерпул? Го разбирам прашањето, но ќе повторам дека нема ново што да ви кажам. Во моментов сум тренер на Баер Леверкузен и тоа е единствено сигурно. Што се однесува до иднината, немам ништо што да кажам. Нормално е дека ќе има разни шпекулации, но не верувајте секогаш во нив, порача Чаби Алонсо.

Тој е на добар пат да освои титула во Бундес лигата со екипата на Баер Леверкузен, па евентуално на лето би можело да се зборува за негов трансфер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО