Алкараз го одбрани Индијан Велс, но откри дека бил скептик поради една ситуација

Шпанецот Карлос Алкараз ја одбрани титулата на мастерс турнирот во Индијан Велс, откако во финалето го сруши Данил Медведев со 2:0 во сетови.

Алкараз успеа да дојде до првиот трофеј по Вимблдон минатата година, во меч кој траеше еден час и 44 минути.

Тој го освои својот петти мастерс, а вкупно 13. титула во кариерата. Исто така, стана првиот тенисер кој ја одбранил титулата во Индијан Велс, откако Ѓоковиќ ја освојуваше три пати во периодот од 2014 до 2016 година.

– Имав многу недоумици пред турнирот, не бев сигурен дали ќе играм најдобро што можам поради скочниот зглоб, но се чувствував се подобро како одминуваше турнирот и по секој меч. Ова веа тешки месеци за мене, победите и триумфот во финале на овој турнир за мене беа значајни поради самодовербата, се пронајдов себе на овој турнир, порача Алкараз.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО