Новак Ѓоковиќ снета дека пркосот кај младите тенисери кои се пробиваат на големата сцена, го будат „ѓаволот“ во него.
Кога Новак Ѓоковиќ го освои првиот гренд слем во кариерата, Мелбурн 2008 година, Карлос Алкараз и Јаник Синер почнуваа да учат училиште, а сега веќе се на негово ниво и го надвладеуваат.
– Младите тенисери се амбициозни и одлучно играат против мене. Тоа ми дава екстра мотивација да истраам против нив. Таков порив кај играчите, го буди „ѓаволот“ во мене. На пример, многу ме болеше кога Алкараз ме победи во финалето на Вимблдон 2023 година. Мислам дека тој е најкомплетен тенисер во моментот.
Тој пораз доста ме налути и и ми помогна да најдам екстра енергија да го освојам Синсинати и УС ОПЕН ланската сезона. Затоа за мене таквите ривали се одлична можност да продолжам да се мотивирам, порача Новак Ѓоковиќ.