Агаси има интересна теорија за „големата тројка“: Доколку барем еден од нив не играше во оваа ера..

Фактот што Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роже Федерер сочинуваа една долга и успешна ера во „белиот спорт“ како што некогаш популарно го нарекуваа тенисот, сменија многу работи, па и статистиката.

Американецот Андре Агаси се осврна на доминацијата на споменатите тројца и истакна дека доколку барем еден од нив не бил присутен во оваа ера, некој од тенисерите сега сигурно ќе имал 34, 35 гренд слем титули.

– Факт е дека овие тројца тенисери играа во ист период и сите освојуваа титули, тоа е вистинско чудо, настапуваа во крајно силна ера. Доколку недостасуваше еден од нив тројца во оваа ера, сега ќе имавме сигурно некој тенисер со 34 или 35 гренд слем титули, смета Агаси.

Несомнено дека Агаси делумно е во право, бидејки заедно Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роже Федерер имаат скоро 70 гренд слем трофеи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО