Австриецот Фелер го освои кристалниот глобус во слалом

Австриецот Мануел Фелер ќе го освои малиот кристален глобус во слалом, откако последните планирани трки во оваа дисциплина беа откажани поради лошите временски услови во Крањска Гора.

Oбилните дождови во последните 24 часа целосно ја уништија патеката и затоа слаломот е откажан. До крајот на сезоната останува само уште еден слалом, кој е закажан за втората половина на март во Залбах, Австрија.

Фелер е лидер во поредокот за слалом со 635 бодови, 169 бодови повеќе од второпласираниот Германец Линус Штрасер. Бидејќи победата во слалом носи 100 бода, Фелер веќе на трка пред крајот го обезбеди малиот кристален глобус во слалом.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО