Џордан Хендерсон и официјално е нов член на Челзи, со кого потпиша двегодишен договор, откако ја прекина соработката со Брентфорд по меѓусебен договор, соопшти клубот.
Искусниот 36-годишен играч од средниот ред се приклучува во редовите на лондонскиот клуб по една сезона во Брентфорд, за која одигра 32 натпревари во Премиер лигата.
„Со оглед на големината на клубот, менаџерот Чаби Алонсо, кого многу го почитувам, и квалитетот на играчите, ова беше можност што не можев да ја одбијам. Сакам да давам се од себе секој ден на и надвор од теренот за да му помогнам на тимот. Едвај чекам да почнам“, рече Хендерсон.