Ивановски без проблеми до триумф над првиот носител на турнирот во Скопје

Калин Ивановски продолжува со одличните настапи и на турнирот во Скопје, откако го елиминираше првиот носител Андреј Чепелев со убедливи 2-0 во сетови (6-4, 6-2).

Македонскиот тенисер уште на стартот на првиот сет успеа да направи брејк и да поведе со 2-1, а стекнатата предност сигурно ја задржа до крајот за освојување на сетот со 6-4.

Во вториот сет Ивановски целосно доминираше на теренот. Со два брејка брзо поведе со 4-0, не му дозволи на противникот да се врати во мечот и рутински го приведе натпреварот кон крај, освојувајќи го сетот со 6-2 за пласман во следната рунда.

Ивановски во следната рунда ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Саша Марковиќ и Лијам Деликата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО