Шоу на Дембеле во победата на Франција – Сенегал пукна петарда против Ирак

Комплетираное третото коло во Групата И на СП, најголем победник би можел да биде Сенегал. Франција ја победи Норвешка благодарение на хет-трикот на Дембеле и го освои првото место во групата, додека Сенегал убедливо го победи Ирак и во последен момент се најде во ситуација да обезбеди нокаут фаза преку табелата на третопласираните екипи.

Дербито на групата помеѓу Франција и Норвешка на стадионот Бостон (Жилет) во Фоксборо заврши со резултат 4:1, додека натпреварот помеѓу Сенегал и Ирак на стадионот БМО Филд во Торонто заврши со 5:0.

Селекторот на Норвешка реши да и се спротивстави на Франција со вториот тим, ги одмори главните ѕвезди за првиот дуел во нокаут фазата, против Брегот Слонова Коска.

Натпреварот го обележа Усман Дебеле со хет-трик. „Златната топка“ го пресентираше својот квалитет, постигна три брилијантни гола во седмата, 20-та и 32-та минута. Четвртиот гол за Франција во 94-та минута го постигна Десире Дуе. Дамсгард во 21-та беше стрелец за Норвешка.

Норвежаните можеа да се вратата во мечот меѓутоа Мењан го одбрани пеналит на Ларсон во 48-та, а потоа го запреи Боб во 71-та минута, во ситуација еден на еден.

Сенегал против Ирак ја билдаше гол-разликата и веројатно избори место во нокаут фазата.

Сенегалците беа самоуверени и убедливи и поведоа од четвртата минута кога Хабиб Диара беше прецизен, но до крајот на полувремето немаше голови и резултатот остана 1:0.

Ирачаните имаа многу проблеми. Само девет минути по примениот гол, се случи нов кастатрофа и Сулака доби директен црвен картон.

Ентони Тејлор прво го санкционираше Ребин Сулака со жолт картон, по што доби повик од ВАР собата.

По прегледувањето на видеото, ја смени одлуката во црвен картон и Ирак остана со десет играчи, а во второто полувреме, веќе не можеа да го следата ритамон што го наметнаа Сенеглаците.

Во 56-та минута, Исмаила Сар погоди за 2:0, а тоа беше историски гол. Тој сега е најефикасниот Сенегалец на Мундијалите.

По тој гол, Сар запиша асистенција. Тој испрати одличен пас до Папе Гај кој постигна гол во 59-та минута за водство од 3:0.

Истиот играч повторно беше немилосрден само 13 минути подоцна и ја затресе мрежата за огромни 4:0.

Во 82-та минута, откако постигна два гола, Папе Гај стана асистент и Сенегал стигна до огромни 5:0 кога Илиман Ендиај го постави конечниот резултат.

На крајот, Франција заврши прва со максимални девет бода, Норвешка втора со шест, Сенегал е трет со три, а Ирак последен без бодови.

Франција, како победник на групата во нокаут фазата, ќе игра против третопласираната екипа од една од овие две групи (Ф – Еквадор, Г – Шведска), додека противник на Норвежаните ќе биде селекцијата на Брегот на Слоновата Коска. Конечно, Сенегал, доколку се пласира во нокаут фазата, би можел да игра против победникот од една од овие три групи (Г, Л, К).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО