Кошаркарите на Валенсија успеаја да ја продолжат четвртфиналната серија во Евролигата откако го победија Панатинаикос со 91:87 во Атина, со што го намалија водството на 2:1.
По двата порази во Шпанија, Грците одговорија кога беше најпотребно и закажаа четврти натпревар, кој ќе се игра повторно за два дена на „ОАКА Арената“.
Најефикасни играчи во победничкиот тим беа Бранко Бадио и Џан Монтеро со по 17 поени, додека Панатинаикос го предводеа македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс со 17 и Николас Рогавопулос со 16 поени.
Во средата се одигра уште еден меч, Жалгирис на домашен терен го совлада Фенербахче со 81:78 за водство од 2:1 во победи во четвртфиналната серија.
Во средата се одигра уште еден меч, Жалгирис на домашен терен го совлада Фенербахче со 81:78 за водство од 2:1 во победи во четвртфиналната серија.
Кај Литванците се истакна Азуолас Тубелис со 26 поени, а на спротивната страна за Турците Американецот Вејд Болдвин имаше 16 поени и пет асистенции.