Сан Антонио ја „прегази“ Минесота со 38 разлика

Екипата на Сан Антонио ја оствари втората победа против Минесота во полуфиналето на Западната конференција на НБА плеј-офот.

Спарси одиграа брилијантен натпревар пред своите симпатизери кој го добија со убедливи 133-95 за водство од 2:0 во победи.

Откако ја добија првата четвртина со седум разлика, во втората направија дополнителни +17 и веќе на полувремето го најавија триумфот. Вода домаќините во еден момент и со 42 поени разлика.

Виктор Вембањама одигра уште еден МВП натпревар. Младиот Французин заврши со дабл-дабл ефект со 19 поени и 15 скокови.

Голем придонес во победата имаа и Кастел со 21, како и Фокс со 16 поени.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО