Фудбалерите на ПСЖ се изборија за ново финале во Лигата на шампионите откако вечерва одиграа нерешено 1:1 во вториот натпревар од полуфиналето против Баерн во Минхен.
Победата од 5:4 на првиот дуел се покажа решавачка за пласманот на ПСЖ во финалето.
За францускиот тим ова е трето финале, а второ во низа во најквалитетното фудбалско натпреварување.
Во финалето на 30.мај во Будимпешта од 18 часот ќе играат Арсенал и ПСЖ.