Еден од најелитните фудбалери во современиот фудбал, Килијан Мбапе, официјално го доби дресот со број 10 во редовите на Реал Мадрид, соопшти шпанскиот гигант преку својата официјална веб-страница.
По заминувањето на Лука Модриќ, се појавија бројни шпекулации околу тоа кој ќе го наследи легендарниот број, а конечната одлука падна на францускиот ас.
Се очекува уште утре „белите“ да ја пуштат во продажба новата варијанта на дресот со број 10, кој несомнено ќе биде посакуван трофеен артикл меѓу обожавателите на клубот.
Цената ќе варира од 125 до 175 евра, но тоа најверојатно нема да претставува пречка за вистинските фанови на тимот од Мадрид.