Проблеми за Реал Мадрид. Винициус ќе паузира еден месец

Реал Мадрид во наредните неколку недели, односн до крајот на годината најверојатно ќе игра без својот најдобар стрелец, Бразилецот, Винициус јуниор. Напаѓачот на „кралевите“ ја повреди левата нога на мечот со Леганес.

Тоа е тежок удар за Реал Мадрид бидејќи следниот месец ќе мора да игра без својот најдобар стрелец (12 гола) и  (8 асистенции) во обидите да направи чекор натаму во Лигата на шампиони (ЛШ), но и во Ла лига и да се израмни со лидерот Барселона.

Првиот следен натпревар на Реал е дуел во среда со Ливерпул во ЛШ на кој на „кралевите“ им е потребна победа во борбата за место меѓу осумте најдобри што ги води директно во нокаут фазата во ова натпреварување.

Клубот не објави колку ќе трае паузата за напаѓачот, но шпанските медиуми шпекулираат за датумот на неговото враќање, и веќе објавија дека Винициус би можел да биде подготвен мечот со Севилја на 22 декември.

Распоредот на Реал Мадрид до крајот на 2024 година:
27 ноември, Лига на шампиони, Ливерпул
1 декември, Ла лига, Хетафе
4 декември, Ла лига, Атлетик
7 декември, Ла лига, Џирона
10 декември, Лига на шампиони, Аталанта
14 декември, Ла лига, Рајо Валјекано
22 декември, Ла лига, Севилја

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО