По само пет месеци, 44-годишниот стратег Стив Купер мораше да ја напушти менаџерската позиција во англискиот Премиерлигаш, Лестер.
Причината за тоа се слабите резултати на клубот и поразот на домашен терен од Челси со 1:2, што беше трет пораз за Лестер на последните четири првенствени натпревари. Во тој период клубот избегна самно пораз на гости кај Ипсвич, на мечот што заврши нерешено, 1:1.
Лестер моментално е блиску до зоната за испаѓање, само еден бод над неа. Се наоѓа на 16. место и досега забележа само две победи, со четири нерешени и шест порази. Лестер минатата сезона на доминантен начин обезбеди враќање во Премиер лигата.
Клубот се’ уште нема именувано наследник на Купер, кој претходно во кариерата ги водеше англиските млади репрезентации, до 16 и 17 години, како и Свонси и Нотингем форест. Англиските медиуми го споменуваат можното доаѓање на Грем Потер во редовите на „лисиците“.