Новиот менаџер на фудбалерите на Челси, Енцо Мареска, има намера драстично да ја подобри играта во одбраната откако анализирал дека „сините“ во претходната сезона примиле (пре)многу голови.
– Проблемот е во одбраната, а кога велам „во одбраната“ не мислам само на дефанзивците туку на сите играчи. Се обидуваме да ја спуштиме одбранбената линија за 4 до 5 метри. Минатата сезона примивме многу голови. Се надевам дека брзо ќе го решиме пробелмот, нагласи Мареска.