Кошаркарите (У18) обезбедија пласман во полуфинале на ЕП (Б дивизија)

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години можеби го одигра најдобриот натпревар на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија кое се одржува во Скопје и со победа над Португалија од 71:42 се пласираше во полуфиналето на ова ЕП.

Нашите млади кошаркари одиграа одличен натпевар во СРЦ „Кале“ и дојдоа до значајна победа. Во меч во кој немаше никакви дилеми од почеток до крај и без осцилации Македонија поведе на стартот и ја одржуваше предноста до самиот крај. Со оваа победа Македонија влезе меѓу најдобрите четири на еврошампионатот и само една победа ја дели од пласман во А-дивизијата.

Најдобар стрелец кај Македонија беше Марко Луканоски со 17 поени и 14 скока, додека Никола Јаничиќ постигна 16 поени, седум скока и четири асистенции. Двоцифрен учинок имаа и Стефан Стојковиќ (13 поени) и Лука Марјановиќ (10 поени). Во полуфиналето на ЕП Б-дивизија, Македонија У18 ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Швајцарија и Бугарија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО