Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, успеа да го победи Талон Грикспор во 2. коло од ОИ и да се пласира во следната рунда.
Алкараз излезе на крај со ривалот, го доби во два сета, но во вториот беше доста тензично, но сепак големиот фаворит го доби дуелот.
Но натпреварот не помина баш најдобро за Алкараз, бидејки во еден момент ги загрижи неговите навивачи кога свика медицински тајм аут.
Тоа покажа дека тој и понатаму „кубури“ со повредите и дека не е баш во најдобра форма во моментот, односно дека ја бруси истата, пред големите дуели кои го очекуваат.
Но медиумите во Шпанија не останаа должни и на навивачите им брифираа дека нема ништо страшно, односно дека Алкараз влече одредени болки и повреди извесен период, но дека знае како да излезе на крај со истите и дека нема простор за загриженост.
Medical time out pour Alcaraz !
Tout allait bien face à Griekspoor, avant qu’il ne sorte. #paris2024 pic.twitter.com/ljOjWjPLJ4
— TennisTemple (@tennistemple) July 29, 2024