Неверојатен план на Реал. Следното лето ќе ангажира уште две суперѕвезди, бесплатно?

Реал Мадрид летово направи одлипен трансфер доведувајќи ја ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе како слободен играч. Французинот пристигна во шпанската престолнина откако му истече договорот, па Реал за него не мораше да им плати отштета на Французите.

„Кралскиот“ клуб следното лето сака да ја повтори стратегијата за доведување ѕвезди на кои им се истеечени договорите, а на врвот на листата на желби се одличните дефанзивци, Канаѓанецот Алфонсо Дејвис (22) од Баерн Минхен и Англичанецот Трент Александер-Арнолд (25) од Ливерпул.

Дејвис е еден од најдобрите леви бекови, а Трент еден од најдобрите десни бекови во светот. Заедничко им е тоа што и двајцата влегуваат во последната година од договорите и во 2025 година, според моменталната состојба, би можеле да ја променат средината без надомест.

Реал ги сака долго време, но е подготвен да почека уште една година за да заштеди значителни пари. Реал моментално е добро покриен на бековските позиции, десно ги има Дани Карвахал и Лукас Васкез, а лево Ферландо Менди и Фран Гарсија, но со Дејвис и Трент би се искачиле на повисоко ниво.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО