Возачот на Формула 1 (Ф1) тимот Алпин, Французинот Естебан Окон ќе му се приклучи на Хас следната сезона. Според информациите потврдени денеска, Окон потпишал повеќегодишен договор со американскиот тим.
Претходно беше објавено дека Нико Хулкенберг (ќе ја продолжи кариерата во Заубер/Ауди) и Кевин Магнусен го напуштија Хас. Партнер на Окон во новиот тим ќе му биде возачот на Формула 2 (Ф2) и јуниор на Ферари, Оливер Берман.
Окон (27) е победник на Големата награда (ГН) на Унгарија 2021 година. Тој ќе го напушти Алпин по пет сезони минати во тимот, кој претходно го носеше името на Рено.