Спортист(к)ите на САД се сметаат за главни фаворити за освојување најмногу медали на ОИ во Париз. Малку е веројатно дека Кина ќе ги престигне САД според вкупната бројка, но има шанса да освои повеќе златни медали од Американците.
Предвидувањата се дека САД ќе освојат вкупно 112 медали, од кои 39 златни, 32 сребрени и 41 бронзен. Прогнозите се дека Кина ќе освои 86 медали, 34 златни, 27 сребрени и 25 бронзени.
Ова го прогнозира Нилсен’с Грејснот (Nielsen’s Gracenot e Sports), кој обезбедува статистичка анализа за спортските лиги ширум светот. Исто така, ги следи големите натпреварувања во кои се вклучени олимписките спортови. САД и Кина беа на првите две места на Игрите во Токио 2021-та.
Прогнозата за Американците на врвот не е изненадување. Ова ќе требало да бидат осми последователни Игри на кои САД освојуваат најмногу медали. Последните ЛОИ на кои САД не беа на врвот на табелата според освоените златни медали беа во Пекинг 2008 година.
По САД и Кина, следни според вкупниот број медали, односно златни би требало да бидат: Британија (63-17), Франција (60-27), Австралија (54-15), Јапонија (47-13), Италија (46). -11), Германија (35-11), Холандија (34-16), Јужна Кореја (26-9).
Следните, од 11 до 20 место, се: Канада (21-7), Унгарија (20-7), Бразил (18-8), Шпанија (18-5), Полска (17-3), Данска (14-5), Турција (14-4), Нов Зеланд (14-4), Украина (13-2), Етиопија (12-6) итн