Чистка во Јунајтед, седуммина означени како вишок

Манчестер јунајтед би можел да продаде дури седуммина фудбалери за да обезбеди пари и да направи простор за потенцијалните засилувања.

Откако во клубот беа доведени Џошуа Циркзи (42,5 милиони евра од Болоња) и Лени Јоро (62 милиони евра од Лил), се очекува гигантот од „Олд Трафорд“ да ангажира уште неколку нови играчи во летниот преоден рок.

Како нови имиња се споменуват Мануел Угарте, Матијас де Лихт и Нусер Мазрауи. За да се реализираат овие трансфери клубот ќе мора да продава, а англиските медиуми објавија список на незаштитени играчи.

Хари Мегваер, Скот МекТоминај, Ентони и Џејдон Санчо ќе можат да го напуштат клубот доколку за нив има задоволителни понуди за клупските челници. Во таа група на можни продажби се и Виктор Линделоф, Арон Ван-Бисака и Кристијан Ериксен, кои се под договор за уште една сезона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО