Барселона соопшти дека центархалфот, Уригваецот Роналд Араухо бил успешно опериран по повредата на тетивата на десната нога. Оваа интервенција ја извршил д-р Ласе Лемпаинен, под надзор на медицинските служби на клубот, во Турку, Финска.
Докторот Рикар Пруна, задолжен за медицинскиот персонал на Барса, го придружуваше репрезентативецот на Уругвај на неговото патување во Турку. Се очекува дефанзивецот да биде надвор од терените околу четири месеци.