Македонија на претстојните Летни олимписки игри (ЛОИ) што ќе се одржат од 26 јули до 11 август во Париз ќе ја претставуваат шестмина спортист(к)и. Знаменосци на свеченото отворање ќе бидат Дарио Ивановски и Мила Рељиќ.
На денешната прес-конференција во Македонскиот олимписки комитет (МОК), беше презентирана комплетната македонска делегација која ќе ја сочинуваат Дарио Ивановски (атлетика), Владимир Егоров (Борење/ до 57 кг, слободен стил), Никола Ѓуретановиќ (пливање/ 400 метри слободно), Анастасија Мојсовска (стрелаштво/10 метри воздушна пушка), Еди Шерифовски (џудо) и Мила Рељиќ (таеквондо).
Покрај спортистите, Македонија на ЛОИ ќе ја претставуваат и судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракомет), Иван Михајловски (триатлон) и Анета Павловска (тенис).
На Параолимписките Игри (ПОИ) во Париз, Македонија ќе ја претставува Оливера Наковска Бикова (стрелаштво).