Гираси е нов фудбалер на Борусија (Д)

Борусија Дортмунд ја продолжува својата летна селекција со купување фудбалери од Штутгарт. „Милионерите“ денеска потпишаа со најдобриот стрелец на клубот Серу Гираси.

Финалистите во Лигата на шампионите од минатата сезона веќе потпишаа договор со дефанзивецот на „швабите“ Валдемар Антон, а сега успеаја да го договорат и еден од најдобрите реализатори од минатата сезона.
Борусија ќе ја плати откупната клаузула во договорот на Гираси која е околу 18 милиони евра.

28-годишниот Гираси потпиша четиригодишен договор со „црно-жолтите“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО