Греам Потер избегна да ги коментира шпекулациите кои го поврзуваат превземање на селекторското место во Англија.
“Мислам дека денес не е ден да се зборува за тоа. Герет заврши фантастична работа. Мислам дека нема некој во земјата кој е попочитуван во фудбалот од Герет. Тој и неговиот тим го водеа тимот навистина добро и имам многу почит кон него. Денес е денот да му посакам добар одмор, бидејќи го заслужи тоа и му посакувам се најдобро во следниот дел од кариерата“, рече Потер за Би-Би-Си.
Поранешниот менаџер на Челзи и Брајтон се смета за еден од најсериозните кандидати за наследник на Саутгејт.