Удинезе сака да го врати Алексис Санчез

Италијанските медиуми „Скај Италија“ и „Спортиталија“ тврдат дека Удинезе сè уште притиска за враќање на Алексис Санчез во тимот, откако на Чилеанецот му заврши договорот со Интер.

Според медиумите, тоа би било романтично враќање на Санчез на „Фриули“, кој првпат дојде во Европа токму во Удинезе, во 2006 година, а подоцна и беше продаден на Барселона.

Но Удинезе има сериозна конкуренција во француските екипи, Лил и Олимпик Марсеј, кои исто така подготвуваат понуди за 35-годишниот фудбалер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО