Фемке Бол го урна европскиот рекорд на 400 метри со пречки

Холанѓанката Фемке Бол, светска шампионка на 400 метри со пречки, ја истрча делницата под 51 секунда (50,95 секунди), на митингот во Ла Шау-де-Фонд во Швајцарија. Taa стана втората атлетичарка во историјата што постигнала такво време, на 12 дена пред почетокот на Олимписките игри (ОИ) во Париз.

Со тоа Бол (24) го собори сопствениот европски рекорд и и’ се придружи на Американката Сидни Меклафлин-Леврон која истрча 50,65 секунди на јунските олимписки квалификации во Орегон, САД.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО