Македонскиот тенисер, Горазд Србљак не успеа да се справи со седмиот носител Федерико Бондиоли на ИТФ фјучерсот во Куршумлијска Бања.
Србљак беше поразен со 2-0 во сетови по еден ипол час игра на теренот број три. Фаворитот од Италија беше на далеку повисоко ниво и со 6-1 и 6-2 избори пласман во четвртфиналето на турнирот што се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 долари.
Горазд на мечот реализираше само една од четирите топки, додека противникот одигра без грешка и имаше 100 процентна успешност (пет од пет).