Јамал: Го посакувам победничкиот пехар како роденденски подарок

Крилниот напаѓач на шпанската репрезентација, Ламине Јамал ја коментираше победата на Шпанија во полуфиналниот натпревар над Франција на (2:1) и пласманот на неговата репрезентација во финалето.

– Ја примив топката и шутирав без размислување. Многу сум задоволен поради голот и поради нашата победа. Сега не е време да се размислува за иднината.

Среќен сум и горд што стигнавме до финалето. Би сакал да го добијам победничкиот пехар како роденденски подарок, изјави Јамал кој во сабота, на 13 јули, ќе наполни 17 години.

Екстра талетнираниот, 16-годишен фудбалер, го постигна првиот гол за шпанската репрезентација на средбата со Франција. Сега тој и неговите соиграчи од репрезентацијата го чекаат противникот за финалето, Англија или Холандија, во недела во Берлин

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО