Копа Америка: Меси блесна и ја одведе Аргентина во финалето

Аргентина се пласираше во финалето на Копа Америка, откако во првото полуфинале на тековното издание на јужноамериканскиот шампионат, што се одржува во САД, ја победи Канада со 2:0.

За прв пат по 31 година, Аргентинците ќе играат во финалето на Копа Америка како бранител на титулата. Последен пат тоа се случи во 1993 година на шампионатот во Еквадор, кога Габриел Батистута ги постигна двата гола во победата над Мексико од 2:1 во решавачкиот натпревар за трофејот.

На стадионот во Њу Џерси, ѕвездата на „гаучосите“, Лионел Меси го постигна првиот гол на шампионатот. Од почетокот, Аргентина доминираше против Канада, која стана третиот тим на КОНКАКАФ што стигнал до полуфиналето во дебито на Копа Америка.

Во 22. минута Хулијан Алварез со прецизен удар даде гол по одличното додавање на Родриго де Пол. По само шест минути во вториот дел, Аргентина го зголеми водството. Енцо Фернандез шутираше одлично, а Лионел Меси одбиената топка ја смести во мрежата.

Тоа беше 28-ми гол на Меси на последните 25 настапи за Аргентина и 14-ти на 38 меча на Копа Америка. Рекордот во ова натпреварувањето со 17 гола го држат Норберто Мендез (Аргентина) и Жижињо (Бразил).

Во финалето, кое ќе се игра ноќта меѓу 14 и 15 јули, Аргентина ќе игра со победникот од второто полуфинале меѓу Колумбија и Уругвај.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО