Де ла Фуенте: Одигравме совршено, Јамал е гениј…

Селекторот на Шпанија, Луис де ла Фуенте, зборуваше за шпанските медиуми по победата на неговата селекција над Франција со 2:1, и пласманот во финалето на Европското првенство (ЕП).

– Бевме совршени против Франција. Среќни сме што стигнавме до финалето, ја однесовме Шпанија таму каде што припаѓа во фудбалот, изјави Де ла Фуенте.

Тој го пофали младиот фудбалер Ламине Јамал, кој стана најмладиот стрелец во историјата на ЕП.

– Видовме генијалец! Вистински гениј… Мораме да се грижиме за него, да продолжиме да работиме и да му ги држиме нозете на земја. Имаме голема среќа што е Шпанец и што ќе уживаме во неговата игра уште многу години. Имаме тим со многу сегашност, но уште повеќе иднина, истакна Де ла Фуенте.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО