Шпанија и Франција, утре од 21 часот во Минхен ќе го играат првиот полуфинален натпревар на Европското првенство (ЕП) во фудбал. Втората двојка ја сочинуваат Холандија и Англија, а овој натпревар ќе се игра во среда, исто така, од 21 часот во Дортмунд. Финалето е в недела во Берлин, од 21 часот.
Пред крајот на турнирот, „Адидас“ ја најави најновата топка „Фузбаллибе финале“ (Fussballliebe Finale), со која ќе се играат двата полуфинални меча, и финалето.
Во споредба со топката која досега се користеше на ЕП, новата по изглед е поразлична. Сега се додадени нови детали во дизајнот, како надополнување на црвените, златните и црните детали, како бои на домаќинот Германија
Белата позадина сега е сребрена и ја симболизира бојата на победничкиот пехар Бојата е специјално направена и тестирана за да може производителот да биде сигурен дека ќе нема отсјај на теренот што можел да им пречи на играчите.
Топката претрпе промени и во однос на техничките работи. Ќе има посебна технологија која е директно поврзана со ВАР просторијата, односно ќе ги собира сите податоци и ќе ги испраќа во ВАР просторијата во реално време.
Оваа иновација, во комбинација со позицијата на играчот и со вештачката интелигенција, треба да придонесе за подобрување на полуавтоматската технологија за офсајдите, пишува „Адидас“.
road to ➡️ semifinals
’Fussballliebe Finale’ ha llegado. #EURO2024 pic.twitter.com/ojNOuMLX0H— adidas_ES (@adidas_ES) July 7, 2024