Унијата на европски фудбалски асоцијации денеска официјално потврди дека Манчестер јунајтед и Манчестер сити ќе можат да играат во истите европски натпреварувања заедно со клубовите со кои имаат повеќе или помалку исти сопственици.
Тоа се Ница (Франција) која е поврзана со челниците на Јунајтед и Џирона (Шпанија) која е дел од конзорциумот што управува со „граѓаните. УЕФА процени дека во четирите екипи нема доминатен сопственик и затоа даде „зелено светло“.