Голманот на Манчестер сити, 30-годишниот Едерсон, би можел да заработи многу пари во Саудуска Арабија, во Ал-Наср, кои наводно му нудат тројно зголемување на платата.
Бразилецот би заработувал повеќе од 600.000 фунти неделно, доколку го раскине актуелниот договор со клубот од Англија кој му е валиден до 2026 година и замине во С. Арабија.
„Граѓаните“ најавија дека сакаат да го задржат Едерсон, но тешко дека ќе можат да и парираат на сумата од Саудиска Арабија. Едерсон претходната сезона одигра 33 мечеви во Премиер лигата.